
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во август 2026 година изнесува 506 386 МWh, што претставува 97.2 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС)
Во август 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
520 849 МWh електрична енергија, 17.563 мил. nm3 природен гас, 175 578 тони јаглен и
119 046 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 97.2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во август 2026 година во однос на август 2025 година:
- Потрошувачката на природен гас е намалена за 13 %
- Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 7.1 %











