
Европската Унија планира да воведе дополнителни ограничувања за увоз од Кина во сектори како што се хемиската индустрија, мебелот и машините на почетокот на 2027 година, што би можело да вклучува увозни квоти или царини.
Европската комисија би можела да претстави нови ограничувања уште во првиот квартал од 2027 година, објави денес Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.
Целта на новите мерки е да се ограничи протокот на кинески стоки и да се намали големиот трговски дефицит на Европската Унија со Кина, кој достигна 360 милијарди евра минатата година.











