УЈП со нова листа – Расте и бројот на должници и вкупниот долг

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2025 за долгови доспеани до 31.03.2025 и неплатени до 30.06.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.07/2025 објавени се 2.005 должници – правни лица (повеќе за 7 од претходната листа) и 3.939 физички лица (повеќе за 26 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.07/2025 изнесува 12.689.966.141 денари, (повеќе за 834.170.837 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.489.972.879 денари, (повеќе за 792.978.886 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 199.993.262 денари (повеќе за 41.191.951 од претходната листа).

Листата на должници на следниот ЛИНК