УНИ Банка ќе издаде Перпетуална обврзница

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност за нова емисија на перпетуални обврзници, во вкупна вредност од 5 милиони евра.

Комисијата за хартии од вредност донесе Решение УП1 10 -57 од 05.08.2025 година, со кое на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје и ја одобри четвртата емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда.

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе издаде 5.000 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра односно 308.180.000  денари во денарска противредност. Издадениот капитален инструмент-перпетуална обврзница ќе се користи како додатен основен капитал од ниво 1, а средствата од емисијата ќе се користат за општи корпоративни цели, односно за поддршка на кредитниот пораст.