
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во второто тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје се зголемени за 1.1%, трошоците за материјали за 0.4 %, а трошоците за вработените за 2.6 %.
Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се намалени за 0.3 %, трошоците за материјали се зголемени за 0.7 %, а трошоците за вработените се намалени за 2.3 %.











