Земјите во регионот преземаа мерки против високите цени, а кај нас инфлацијата сè уште ни ги јаде платите

Трошоците за живот на граѓаните растат со двојно побрзо темпо од зголемувањето на платите, а Владата се уште анализира дали и какви мерки да донесе за сузбивање на инфлацијата. Помина повеќе од три месеци откако беше најавено дека ќе се донесат мерки врз основа на анализата на Државниот пазарен инспекторат за движењето на цените, но мерки се уште нема. Анализата покажа дека по укинување на мерката за ограничени маржи која траеше до крај на април, цените не престанаа да растат. Според последните статистички податоци инфлацијата на храната и во август се движеше околу 7 отсто.

Додека ние сè уште чекаме мерки од Владата, кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните, во соседна Србија веќе почна да се применува мерката ограничени трговски маржи, а во Босна и Херцеговина цените на храната остануваат „заклучени„ до 31 декември. Во Србија од 1 септември, маржите на млекото, млечните производи, јајцата, безалкохолните пијалаци, кафето, чајот, свежите и преработени овошје и зеленчук, мешунките, лебот и печивата не смеат да бидат повисоки од 20 проценти. Во БиХ, пак мерката има за цел да обезбеди достапност на основните производи по прифатливи цени за сите граѓани, поради повисока инфлација која изнесуваше 4,2 проценти во јуни и 4,5 проценти во јули.

Целиот текст на Локално.мк