Државни фирми, АД и ЈП: 16 милиони евра загуба во првиот квартал!

15 државни компании, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост остварија загуба од 16 милиони евра во првите три месеци од годината. Новите податоци од Министерството за финансии за финансиското работење на вкупно 29 државни компании, акционерски друштва и ЈП покажуваат дека 15 од нив биле во минус, а 14 работеле со позитивно салдо, што значи дека половина од акционерските друштва, друштвата и ЈП во државна сопственост работат со загуба.

Најголема негатива во износ од 45,2 милиони евра покажа АД „Електрани на Северна Македонија“, на второ место со загуба од 2,5 милиони евра беше ЈП „Национални шуми“, а на трето место беше ЈП „Железница – инфраструктура“ со загуба во финансиското работење во износ од 2,2 милиони евра.

Негативен финансиски биланс во работењено имаат и АД „ Пошта на Република Северна Македонија“ со износ од скоро 1 милион евра и АД „М – НАВ“ со загуба од 900 000 евра. Од друга страна најголема добивка во финансискиот биланс во првите три месеци прикажале JП за државни патишта – Скопје со 31,1 милион евра, АД Мепсо со 7,2 милиони евра и АД „Државна лотарија на Република Северна Македонија“ со добивка во износ од 2,1 милион евра.
Целиот текст на Локално.мк