УЈП известува: Привремена недостапност на системот е-Даноци

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека поради планирани активности за надградба на опремата, електронскиот систем е-Даноци ќе биде привремено недостапен од петок, 12 септември 2025 година, со почеток во 14:00 часот.

Од УЈП соопштуваат дека за време на техничката интервенција нема да биде можно поднесување на пријави и други електронски документи преку системот е-Даноци. Сепак, се нагласува дека останатите системи на Управата ќе функционираат непречено и без прекини.

„Ги охрабруваме сите корисници навремено да ги завршат своите итни и неодложни обврски пред започнувањето на интервенцијата“, велат од УЈП, додавајќи дека системот е-Даноци ќе биде повторно достапен веднаш по завршувањето на техничките активности.