Во Македонија нема туристи кои многу трошат бидејќи нема луксузни сместувачки капацитети

Очајната инфраструктура, пад на квалитетот на услугите, недостатокот на нови сместувачки капацитети…се главни карактеристики на македонскиот туризам. Поради тоа, Македонија сè повеќе станува дневна дестинација за туристи кои летуваат во Албанија и Грција и нема туристи кои многу трошат бидејќи нема луксузни сместувачки капацитети.
Треба да се запрашаме што ние нудиме и какви туристи привлекуваме со нашите атракции, туристички производи и дестинации. Доколку ги споредиме инвестициите кои се вложени во дестинацијата веднаш ќе заклучиме дека недостасуваат светски брендови надвор од главниот град, но и нови инвестиции во хотели со пет звезди кои привлекуваат друга целна група од туристи, вели во интервју за „Локално“, Љупчо Јаневски, туристички експерт и универзитетски професор.

На прашањето дали државата станува мета на туристи кои малку трошат Јаневски одговара:

-Треба да се запрашаме што ние нудиме и какви туристи привлекуваме со нашите атракции, туристички производи и дестинации. Во оваа прилика ќе направиме компарација на бројот сместувачки капацитети според податоците на Државниот завод за статистика од 2019 година со 2024 година за стапката на исполнетост на категоризираните сместувачки капацитети во Македонија.

–              Исполнетост на собите во сместувачките капацитети 2019/2024 година -2%

–              Искористеност на кревети во сместувачките капацитети 2019/2024 година е +7%

Ова укажува на испонетоста на хотелите со три звезди кои имаат три или повеќе кревети во собите и на тенденцијата на кружни патувања и поефтини аранжмани. Доколку ги споредиме инвестициите кои се вложени во дестинацијата веднаш ќе заклучиме дека недостасуваат светски брендови надвор од главниот град, но и нови инвестиции во хотели со пет звезди кои привлекуваат друга целна група од туристи. Споредувајки ги бројот на соби и легла во македонскиот туристички сектор ќе дојдеме до поразителни податоци:

–            Број на соби во категоризираните објекти 2019/2024 година изнесува -5%

–            Бројот на легла во категоризираните објекти 2019/2024 година изнесува -7%

Овој податок покажува недостаток од инвестиции, стареење на дестинацијата и немање на стратегија за привлекување на странски инвеститори, како и интегриран пристап за развој и реинвестирање во македонскиот туристички сектор со мерки од страна на државата. Истата состојба се повторува и во нашите два најизложени региони Скопскиот и Југозападниот каде се бележи пад во бројот на соби во категоризираните објекти и изнесува помеѓу 3% и 5% не задоволувајки ги потребите на туристите кои бараат луксузни патувања и ја живеат новата туристичка реалност после пандемијата. Концентрацијата на сместувачките капацитети во двата наши региони и концентрацијата на туристи и остварени ноќевања над 65% од вкупниот број на ноќевања јасно насочува на недостаток од развој на руралните средини и алтернативните форми на туризам за кои сум сигурен дека се единствените кои можат да понудат иден развој и раст на македонскиот туристички сектор. Во овој момент македонскиот туризам со сите негови недостатоци не може да задржи просечно туристи повеќе од 1,7 денови со мал број на атракции во дестинациите и отсуство на инвестиции.

Целото интервју на Локално.мк