Земјоделски цени во пораст: Растителното производство поскапено за 14.2%

Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2.6 % кај инпутот и за 12.1 % кај аутпутот.

Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.

Во делот инпут, во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2.3 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 5.7 %.

Во делот аутпут, во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за  6.5 %.

Главни поенти

Цените во земјоделството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се зголемиле за:

14.2 % кај растителното производство
6.5 % кај добиточното производство
кај аутпутот,
2.3 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
5.7 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот.

Фото: pixabay