
И покрај тоа што цените на становите во другите градови низ државата се далеку поевтини од Скопје, сепак сите купуваат станови во Скопје. Една од причините е што во државата нема рамномерен регионален развој и жителите од другите градови доаѓаат во Скопје за работа, студирање, лекување, како и за вршење на некои други услуги кои неможат да ги добијат во нивните градови.
Градежниот експерт, Никола Велковски за „Локално“ вели дека сè додека нема рамномерен регионален развој цела Македонија ќе ни дојде во Скопје.
-Во Виница, Ресен, Делчево…нема вработување, нема доволно средни училишта, нема факултети, нема инфраструктура, едноставно луѓето во овие градови нема што да работат и доаѓаат во Скопје. Тие продаваат таму имоти и купуваат станови во Скопје. Поради поголемата побарувачка цените на становите во Скопје многу се качија. Во Скопје веќе не се наоѓа ни стар стан под 1.700 евра за квадрат, вели Велковски.
Целиот текст на Локално.мк











