
Повеќе од 6.400 службени возила се евидентирани во базата на Државната комисија за спречување на корупција – од стари и неупотребливи до луксузни. Владата предизборно ја започна постапката за „тагирање“ на службените автомобили со црвени регистерски таблици.
„Локално“ направи увид во базата на службени возила што ја има Државната комисија за спречување на корупција. Според последните достапни податоции, во земјава, на централно и на локално ниво има 6.409 возила, вклучувајќи ги и товарните со кои располагаат јавните претпријатија, здравстевените установи, противпожарните служби. Сепак најголем дел од службените возила се автомобили во сопственост на институциите на централно ниво и на локалните власти.
Возниот парк на државата е „шарен“ и според годината на производство на возилата и според брендот. Од марката „Мерцедес“ во базата на ДКСК се регистрирани 186 возила. Во нив спаѓаат и возилата на комуналните претпријатија и противпожарните служби како што се двете противпожарни возила под овој бренд од 1983 и 1987 со кои располага ТППЕ Ресен. Во изминататa деценија со марката „Мерцедес“ се подновиле Министерството за надворешни работи, МВР, М-НАВ, ЈКП Водовод Битола, ЈП Градски Паркинг Скопје, АД Мепсо, ЈП Комуналец Кавадарци.
Целиот текст на Локално.мк











