Поради алчноста на сопствениците на земјиштето становите во Скопје се скапи

Побарувачката за становите сè уште е многу голема и недозволува цената на квадратот да падне. Градежните експерти посочуваат дека цената на становите во Скопје е висока не само поради побарувачката, зголемените трошоци за градба и за работна рака, туку и поради алчноста на сопствениците на земјиштето. Со зголемувањето на цените на становите се зголемија и побарувањата на сопствениците на градежните парцели. Порано тие бараа 25, а сега 40 отсто од изградената површина.

-Инвеститорите се под притисок на сопствениците на земјиштето бидејќи видоа дека многу се гради. Од друга страна, не се остава доволно простор за зеленило, бидејќи инвеститорите им плаќаат поскапо земјиште на сопствениците на овие парцели. Најголем притисок вршат сопствениците на слободни парцели кои се наменети за јавна намена, како паркови, игралишта, спорт и рекреација….Државата треба да им ги плати овие парцели по иста цена по која ќе им ги платат инвеститорите доколку сака да имаме зеленило и јавни површини, вели сопственик на една градежна фирма.
Целиот текст на Локално.мк