И пет различни потрошувачки кошнички нема да го реши проблемот со високите цени на храната

Владината кошничка сè уште е само ветување. И покрај тоа што подолго време се најувуваше и доживеа низа модификации, односно наместо на четричлено ќе се пресметуваше за тричлено семејство, без цигари, алкохол и несезонско овошје. Потоа, од Владата најавија дека ќе се пресметуваат посебни потрошувачки кошници за самци, млади брачни парови, семејства со три члена, со четри члена и за пензионери.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека бројот на кошнички нема да го реши проблемот со високите цени на храната. Според податоците од синдикалната минимална кошница која за септември 2025 година изнесува 65.077 денари, на едно четиричлено семејство месечно само за храна троши една минимална плата, односно 23.394 денари.

-Сметките за струја, вода, парно, одржување на згради…за стан од 50 метри квадратни се исти без разлика дали во него живее млад брачен пар, пензионери или семејство. Наместо да се пресметуваат посебни потрошувачки кошници од Владата треба да пресметаат дали исто се платени младите, мажите жените, возрасните…Сметаме дека како што не треба да се прави разлики во платите по пол, старост…, така не треба да се прават разлики и во потрошувачките кошници. Платата за едно работно место е иста. Целта на потрошувачката кошница која е статистичка операција и чии репер е четричлено семејство е да покаже со колку не може да се живее, изјави за „Локално“, Иван Пешевски од ССМ.

Целиот текст на Локално.мк