Учеството на еко-даноците во БДП само 0.7%

Во 2023 година се платени за 10.1 % помалку даноци за животната средина отколку во претходната година, oбјави Државниот завод за статистика

Во 2023 година биле платени даноци за животната средина во износ од 12 198.7 милиони денари.

Во 2023 година, еднакво учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти и даноците за транспорт со 49.4 %, по што следат даноците за загадување со 1.1 %.

Учеството на даноците за животната средина во бруто-домашниот производ во 2023 година е 0.7 %.

Платени даноци за животната средина, 2023 година

  • За енергенти: 49.4 %
  • За транспорт: 49.4 %
  • За загадување: 1.1 %

    Фото: Pixabay