Историски ден: Направени првите трансакции преку СЕПА системот во Македонија

Направени првите трансакции преку СЕПА системот.

– Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите – стои во објавата на Народната банка на платформата Х.