Скапоцена заштита: Се предлага заштита на македонскиот рубин

Министерството за енергетика достави Предлог за конзервација на македонскиот рубин. Како што изјави денес министерката Сања Божиновска, амбицијата е рубинот да добие формален статус како национално минералошко богатство и законска гаранција за автентичноста.

Овој рубин, во цела Европа, егзистира само на нашата територија. Тој е спореден продукт од мермерот и во моментов се пласира како дел од украсни предмети.

“Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи,” подвлече министерката на прес-конференција со новинарите.