
Во 2025 година, 97.2 % од деловните субјекти имале пристап на интернет, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година, 99.2 % од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.
Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 92.9 % од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Во однос на е-трговијата, 16.4 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 15.0 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.
Во 2025 година, деловните субјекти со пристап на интернет имале најголемо учество во секторот Останати дејности со 99.7 % и во секторот ИКТ со 99.1 %.