Продажните цени на индустриските производи на странските пазари намалени за 0.2 % во август

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се намалени за 0.2 % во август 2025 година во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август 2025 година, во однос на претходниот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0.9 %, додека во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %.

Во август 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 0.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 4.1 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август 2025 година:

  • се намалени за 0.2 % во однос на претходниот месец
  • се зголемени за 3.9 % во однос на истиот месец од претходната година