
„За станбен кредит од 100.000 евра, 10% учество може да значи само „акутно“ олеснување, поголемиот дел од главницата ќе остане за отплата, што ќе значи и отплата на повисок износ на камата“ – вели за „Локално“ даночниот експерт Павле Гацов. Се ближи 1-ви декември – дали банкарите ќе го слушнат сигналот од НБPМ за намалување на учеството за станбен кредит за млади брачни парови?
Со цени од над 2.000 евра за квадратен метар и со сегашните банкарски камати кои во варијабилниот дел достигнуваат и до 6,9%, купувањето на стан со кредит во моментов е “скапа“ варијанта, велат економистите. Народната банка објави дека преземала мерки за олеснување на кредитните услови за млади брачни парови – учеството за стан да не биде повисоко од 10% од вупниот износ.
Дел од економистите велат дека се работи за “мека мерка“ која нема да даде видлив ефект врз побарувачката на станбени кредити. Намалувањето на учеството на 10% од вкупната сума треба да се гледа во вкупниот контекст за отплата на кредитот, вели за Бизнис Инфо даночниот експерт Павле Гацов.
„Тука зборуваме за “софт“ мерка, што значи на пример 10.000 евра учество на земен кредит од 100.000 евра? Во еден поширок контекст, за отплата ќе останат 90. 000 евра, што поголема основица за пресметка на камата, повисок износ за отплата. Во случајов може да се каже „вие влезете во кредитно задолжување, а како ќе излезете…“– вели Гацов.
Со најавената мерка, според НБPМ, намалувањето на учеството за стан треба да повлече и намалување на каматите. Банкарите што ги консултираше Бизнис Инфо велат дека и сега во нивните кредитни услови се предвидува уплата на депозит во висина од 10% од цената на станот, но дека процентот зависи и од други услови.
Целиот текст на Локално.мк
Фото: Pixabay











