Прометот во индустријата расте за 5,6% во септември 2025 година

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 5.6 % во септември 2025 година во однос на септември 2024 година, објави Државнот авод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2025 година во однос на септември 2024 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.1 %, Капитални производи за 7.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.0 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во септември 2025 година во однос на август 2025 година, бележи пораст од 29.1 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 6.6 %.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст од 10.4 %, додека во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 0.5 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст од 4.9 %, додека во периодот јануари – септември
2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, бележи пораст од 8.0 %.

Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат оддeлите:

  • Производство на прехранбени производи со 5.6 %
  • Производство на текстил со 3.9 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 28.9 %