ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Според последната анкета спроведена од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), мнозинството работници во земјата сметаат дека минималната плата треба значително да се зголеми.

Анкетата, реализирана на 11 и 12 ноември 2025 година со репрезентативен примерок од 1.613 испитаници, покажа дека 45,2% од работниците се за минимална плата од 600 евра, додека 42% сметаат дека таа треба да надмине 700 евра. Само 12,8% од испитаниците сметаат дека доволна е плата од 500 евра.

Повеќето, односно 99,5% од испитаниците, се согласуваат дека минималната плата треба да се зголеми до крајот на тековната година. Дури половина од нив (52,8%) се подготвени да учествуваат на протести доколку платата не се зголеми, додека 47,2% изразиле подготвеност за штрајк.

„Анкетата јасно покажува дека барањето за зголемување на минималната плата не е желба на поединци, туку реална потреба на работниците во Македонија“, наведуваат од ССМ.

Според синдикатот, следниот чекор ќе биде презентирање на овие резултати пред надлежните институции со цел да се иницира конкретна акција за зголемување на минималната плата.