
Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година е намалено за 4.3 % во однос на третото тримесечје од 2024 година.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година изнесува 139 342 м3 и во однос на третото тримесечје од 2024 година е намалено за 4.3 %.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај повеќето шумски производи.
Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 145 162 м3 и бележи зголемување од 1.0 %.
Производство на шумски производи:
- Огревно дрво 107 866 м3
- Трупци 28 946 м3











