Отворена е нова експозитура на НЛБ Тутунска банка, овој пат на ул. Сарај бб. чија одговорност ќе биде сегментот население и правните субјекти.
За првите десет штедачи во оваа експозитура ќе бидат доделени бесплатни кредитни картички Visa Classic или MasterCard Standard, додека првите корисници на електронско банкарство за физички лица – НЛБ Клик, ќе добијат бесплатен НЛБ мТокен
Вредно е да се напомене дека НЛБ Тутунска банка континуирано бележи пораст во банкарството на мало. Во сите експозитури работи високостручен тим, кој на клиентите доследно им ја образложуваат понудата на продукти и услуги од портфолиото на НЛБ Тутунска банка.
Банката располага со 49 експозитури во Македонија, од кои 23 локации се во Скопје, а останатите се локализирани во другите градови низ земјата.