Цените во угостителството се качуваат – Алкохолните пијалаци со најголем месечен раст

Цените на угостителските услуги во ноември 2025 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 4.1 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %.

Цените во угостителството, по групи, во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година се зголемени за:
  • 0.2 % кај Храна
  • 0.6 % кај Алкохолни пијалаци 
  • 0.1 % кај Ноќевања
Во групата Безалкохолни пијалаци не е забележана промена на цените.