Активното население достигна 796.930 лица – вработените 705.165, невработените 91.765

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0.5 %. Од вкупниот број вработени,  57.8 % се мажи, а 42.2 % се жени.

Учеството на неформалната вработеност се зголемува. Неформално вработени лица се 100 619, што е за 2.5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48.8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.7 % во секторот Градежништво.

  •          Активно население: 796 930 лица
  •          Вработени: 705 165 лица
  •          Невработени: 91 765 лица
  •         Стапка на активност: 52.5
  •         Стапка на вработеност: 46.5
  •          Стапка на невработеност: 11.5