Падна продажбата на Мекдоналдс

53

Месечната продажба во рестораните на Мекдоналдс рестораните ширум светот падна за 1,8% во октомври, за прв пат од 2003 година до сега.

Ривалите на Мекдоналдс, како Бургер Кинг, Вендис, Тако бел, претставуваат голема конкуренција која ги мами потрошувачите со пониски цени и со атрактивни реклами. Сега новиот извршен директор на Мекдоналдс, Дон Томсон, мора да се бори со растечката конкуренција и со слабата економија.

Аналитичарот Џек Русо има објаснување зошто паднала продажбата во октомври – овој октомври имал помалку викенди во споредба со оној минатата година. Русо исто така очекува Мекдоналдс да и одговори на конкуренцијата со повеќе промотивни акции во ноември. Но, не очекува добри продажни резултати, бидејќи ураганот Сенди што го погоди североистокот на Америка ќе придонесе за помала продажба во ноември.