Набрзо ќе можеме да ја проверуваме состојбата на својата сметка и да правиме трансакции користејќи ги само кредитните картички. Еве за што поточно станува збор.
MasterCard најави лансирање на Display Card картичка, со технологија која инаку се поврзува со паметните (Smart) телефони или со таблет компјутерите.
Новата картичка со LCD екран е веќе пуштена во употреба во Сингапур. Картичката исто така содржи и типки осетливи на допир и доволно е мала што слободно можете да ја носите во вашиот паричник.
Во многу банки се издаваат уреди за потврда на идентитет за онлајн банкарство. Ова е од големо значење особено кога се работи за ризични трансакции, како што се трансферите на поголеми суми на пари.
Display Card има предност над другите картички со тоа што ја елиминира потребата за користење такви уреди.
Од MasterCard изјавуваат: „Во иднина ваквите картички би можеле да добијат и дополнителни функции, како што е увидот во состојбата на сметката и информации за трансакциите“.
Вакви слични картички се развиваат и во уште неколку големи компании, како што се Visa и Google.