
Во декември 2025 година 59 521 туристи оствариле 112 001 ноќевања, oбјави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % се домашни, а 63.3 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112 001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските туристи.
Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 10.3 %.
Во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.8 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 6.4 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во декември 2025 година:
- 7 303 од Турција
- 5 214 од Бугарија
- 4 736 од Србија
- 3 438 од Грција











