Европа станува посилна во криза! Пазарот на ЕУ се буди и покрај глобалните шокови

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард,  изјави дека Европската унија (ЕУ) станува посилна во време на криза, оценувајќи дека сегашните глобални околности, вклучително и промената во политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европа, дополнително ги зближуваат европските лидери и носителите на одлуки, со порака дека внатрешниот пазар на ЕУ се „буди“.

Зборувајќи за време на Минхенската безбедносна конференција на панелот за конкурентност и економија на ЕУ, Лагард истакна дека дури и основачите на европскиот проект, како што се Жан Моне и Роберт Шуман, истакнале дека Европа напредува токму во време на криза.

„Европа расте во време на криза. Европа е посилна и станува подобра заедно во време на криза“, рече таа, објави Гардијан.

Лагард изјави дека ЕУ во моментов се соочува со голем број предизвици, меѓу кои, како што рече, „ударот што сите го добија поради промената на ставот на претседателот Трамп кон Европа“.

„Не ја намалувам важноста на тоа прашање, но наведувам дека во овој момент тоа ги зближува европските лидери и креаторите на политиките и тој процес мора да продолжи“, рече Лагард.

Лагард, пишува италијанскиот Sole24Ore, исто така оцени дека внатрешниот пазар на ЕУ се „буди“, наведувајќи дека минатогодишниот раст од 1,5 проценти бил целосно поттикнат од потрошувачката и инвестициите, додека придонесот на извозот бил негативен.

„Пазарите не секогаш грешат. Ако го погледнеме износот на капитал што моментално се инвестира, особено оној што го инвестираат фондовите за ризичен капитал, во клучните сектори каде што индикаторите за вреднување силно растат – парите влегуваат“, заклучи Лагард.