
Германскиот фармацевтски и хемиски гигант „Баер“ соопшти дека постигнал вонсудска спогодба вредна околу 7,25 милијарди долари за десетици илјади тужби поврзани со хербицидот глифосат.
За да стапи на сила договорот, сè уште е потребно одобрение од надлежниот суд во Мисури и доволен број тужители кои ќе се согласат со предложената спогодба.
Инвеститорите се сè уште претпазливи, и покрај позитивните сигнали од Врховниот суд на Соединетите Американски Држави, а акциите на „Баер“ повторно паднаа по почетниот пораст, објавува „Ханделсблат“.











