Саудиски ’Хумејн‘ вложи три милијарди долари во стартапот на Илон Маск, xAI

Саудиската компанија „Хумејн“ објави дека инвестирала три милијарди долари во стартапот xAI на Илон Маск.

Фирмите планираат заеднички да развијат центар за податоци од 500 мегавати во Саудиска Арабија, што е дел од поширока стратегија за диверзификација на економијата на земјата и намалување на зависноста од нафта, објавува „Блумберг“.

„Хумејн“, основана во мај 2025 година со поддршка на Фондот за јавни инвестиции (PIF) во Ријад, интензивно влегува во стратешки проекти во областа на вештачката интелигенција, со цел Саудиска Арабија да стане глобална сила во развојот на вештачката интелигенција.