Минатата година, Ер Франс-КЛМ оствари рекордна нето добивка од 1,75 милијарди евра

Француско-холандската авиокомпанија „Ер Франс-КЛМ“ денес објави дека минатата година остварила рекордна нето добивка од 1,75 милијарди евра.

Приходите исто така го соборија рекордот и достигнаа 33 милијарди евра, што е раст од 4,9 проценти во споредба со претходната година, или 6,2 проценти кога ќе се исклучат валутните флуктуации, објавува „Фигаро“.

„Ер Франс-КЛМ“, и покрај рекордната добивка и приходи, сè уште не го достигна нивото на патници пред пандемијата на коронавирусот, бидејќи минатата година биле превезени 102,8 милиони патници, што е намалување во однос на 104,2 милиони во 2019 година.