Трамп: Не планираме да им враќаме пари на компаниите поради царините

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави не планираат да враќаат пари на компаниите поради царините што беа воведени минатата година во голем број странски земји, а за кои Врховниот суд на САД  вчера пресуди да ги поништи.

Трамп, на прес-конференција во Белата куќа, одговарајќи на прашањето дали ќе има поврат на средства на компаниите поради одлуката на Врховниот суд, рече дека неговиот тим не планира да ги врати парите.

„Претпоставувам дека ќе мора да оди на суд во следните две години. Значи, тие ја пишуваат оваа ужасна, погрешна одлука, сосема погрешна. Речиси е како паметни луѓе да не ја напишале. На крајот ќе бидеме на суд во следните пет години“, рече Трамп.