Во јануари, Русија продаде девет тони злато по рекордни цени

Руските златни резерви се намалија во јануари  за околу девет тони, бидејќи Москва го искористи периодот кога цените на овој скапоцен метал беа на својот максимум, се вели во соопштението објавено од Банката на Русија.

Според извештаите, Русија сега има  приближно 2.320 тони, пренесува Интерфакс.

Bредноста на преостанатите резерви во истиот период се зголеми за 23,3 проценти на 402,7 милијарди долари поради рекордната цена на златото на светскиот пазар, која во јануари во просек изнесуваше околу 4.700 долари за тројанска унца.