Европските берзански индекси се во пад, на пазарот владее неизвесност околу царините на Трамп

Европските берзански индекси денес се во најголем дел во пад, бидејќи пазарот продолжува да биде несигурен во врска со царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, која влијае на берзите од двете страни на Атлантикот.

Трамп објави дека ќе ја зголеми глобалната основна царина од 10 на 15 проценти, и покрај одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави во петокот за укинување на неговите реципрочни царини, што создаде дополнителна неизвесност на пазарот.

Високи американски претставници посочија дека постојните трговски договори на Вашингтон со клучните партнери, вклучувајќи ги Кина, Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, нема да се променат и покрај одлуката на судот.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше во пад од 0,3 проценти во 9:30 часот наутро, ослабувајќи втор ден по ред. Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,22 проценти, на 10.660 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,29 проценти, на 24.920 поени, а парискиот CAC за 0,21 проценти, на 8.480 поени.