
Американската банка ЏП Морган ја зголеми долгорочната прогноза за цената на златото на 4.500 долари за унца.
Од друга страна, оваа финансиска институција ја задржа својата прогноза за крајот на 2026 година на 6.300 долари, објави Ројтерс.
Агенцијата забележува дека цената на златото се зголемила за околу 20 проценти оваа година, достигнувајќи тринеделен максимум од 5.248,89 долари за унца во вторник.











