
Развојната банка на Северна Македонија добива ново раководство. По одлука на Надзорниот одбор донесена на 23 февруари, Кире Наумов е разрешен од функцијата главен извршен директор и член на Управниот одбор.
На негово место, како вршител на должноста (в.д.), е именувана Ефимија Димовска, која досега беше дел од Надзорниот одбор на банката.
Оваа кадровска промена веќе е официјално објавена преку Македонската берза.











