
Европските индекси денес се нерамномерни, цената на нафтата од типот Брент се движи околу 95 долари за барел, додека инвеститорите ги следат настаните на Блискиот Исток и чекаат нова рунда преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, што би можело да ја намали геополитичката нестабилност и да го смири пазарот.
Според податоците од берзата, цената на суровата нафта падна за 0,27 проценти на 91,033 долари за барел во 9:45 часот наутро, а нафтата од типот Брент порасна за 0,12 проценти на 95,012 долари.
Во Европа, фокусот е и на заработката на компаниите од луксузниот сектор, како и на холандскиот производител на чипови ASML, најголемата европска компанија според пазарната капитализација, објавува CNBC.
Европските фјучерси за гас за мај беа продадени на отворањето на берзата TTF во Амстердам по цена од 42.550 евра за мегават-час.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,11 проценти на 24.061,61 поени, британскиот FTSE 100 за 0,12 проценти на 10.620,59 поени, додека францускиот CAC 40 падна за 0,63 проценти на 8.275,13 поени, а московскиот MOEX за 0,44 проценти на 2.713,44 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,17893 долари.
Цената на златото падна на 4.811,52 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 5,9302 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).











