ДЗС: Индустриското производство бележи пораст во споредба со 2012 година

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, изнесува 103.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи опаѓање од 15,8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 2,6%.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2013 година, во однос на ноември 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6%, Капитални производи за 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 11,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9,1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – ноември 2013 година, во однос на периодот јануари – ноември 2012 година, изнесува 102.6.