Казни за продажба на стан без енергетски сертификат во Хрватска

45

zagrebЗаострувањето на условите за продажба на куќа, стан, зграда или деловен простор со задолжително воведување на енергетски сертификат од 1 јануари 2014 година, внесе немир на и онака слабиот пазар на недвижности во Хрватска. Иако обврската за обезбедување енергетски сертификат веќе постои во законот, од 1 јануари, според директивата на ЕУ, строго ќе се применува. Сопствениците на недвижности кои ќе огласат продажба без енергетски сертификат, односно агенциите што се занимаваат со тоа, ќе бидат парично казнети, пишува Глас Истре.

“Паричните казни се пропишани со Законот за градба”, велат од министерството за градежништво и просторно планирање за весникот и прецизираат дека за правно лице кое огласува продажба без енергетски сертификат казната може да изнесува од 2.000 до 4.000 евра, а за физичко лице од 650 до 1.300 евра.