Вечерва е првото извлекување на наградната игра Фискална во рака – награда без мака. Досега на адресата на Државната лотарија на Македонија се пристигнати повеќе од 500.000 пликови со фискални сметки.
Наградната игра започна на 1 декември оваа година, а граѓаните требаше да собираат по 20 фискални сметки од било кој износ издадени по 15 ноември.
Главната награда е стан и дуќан во Скопје, а на секои 45 дена ќе се извлекуваат автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, смарт телефони, ЛЦД телевизори, велосипеди…
Извлекувањето на наградите е предвидено да биде во девет кола.
Приредувач на наградната игра е Државната лотарија на Македонија, под покровителство на Министерството за финансии, а главната цел за одржувањето на наградна игра од ваков тип е да се подигне свеста кај граѓаните за зајакнување на фискализацијата.