За шест месеци истекува рокот за легализација

37

Уште шест месеци граѓаните ќе можат да поднесат барање за елаборати за легализација, а геодетските фирми нема да можат да стасаат да ги изработат, апелираше денеска директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски.
Трпевски информираше дека до 18 јуни 2014 година, геодетските фирми треба да изработат повеќе од 200.000 елаборати за легализација. Според сегашните пресметки, изработени се само 120.000 елаборати, а бројот на вкупно поднесени барања изнесува 350.000.
“Се работи за огромен број на граѓани кои не поднеле барање за елаборати за легализација. Апелирам тоа да се направи веднаш бидејќи геодетските компании нема да можат да стигнат да ги направат елаборатите пред истекот на рокот. Во Македонија има 149 геодетски фирми во кои работат 400 вработени, а зборуваме за бројка од над 200.000 елаборати кои треба да се направат во рок од 6 месеци”, рече Трпевски.