
Во декември, Европската комисија претстави нова стратешка рамка која значително ја ублажи првичната цел за забрана на продажба на нови автомобили на бензин и дизел од 2035 година. Наместо да се бараат апсолутно нула емисии, отворен е комплициран систем во кој десет проценти од емисиите по 2035 година би можеле да се компензираат, на пример, со е- горива. зелен челик или супер кредити за мали електрични автомобили.
Со други зборови, на европскиот пазар би можело да се продаваат мал број бензински или хибридни автомобили. За земји како Германија, Италија и Чешка, овие мерки за помош не беа доволни. Тие бараат уште помеки преодни правила, полабави привремени цели и укинување на предложените квоти за електрични автомобили за флотите на компаниите. Покрај тоа, групата ЕПП во Европскиот парламент сака да ги спаси автомобилите со внатрешно согорување.
Но, има и други гласови. Франција, Шпанија, Данска, Луксембург, Холандија, Португалија и Шведска потпишаа документ со кој бараат целосно укинување на моторите со внатрешно согорување. Бараме јасна политика за да може сите навреме да се прилагодат. Одржувањето на моторите со внатрешно согорување значи дека Европа останува поврзана со нејзината зависност од увозот на фосилни горива од другите делови на светот, тврдат седум земји, пренесува Еуроњуз.











