Европските берзи во зелено – Цената на златото се спушти на 4.324 долари

Европските индекси денес  бележат мало зголемување, а цената на суровата нафта (WTI) од утрово падна за 2,37 проценти и се продава за 74,91 долари за барел.

Според податоците од берзата во 09:00 часот, цената на нафтата од типот Брент падна за 2,20 проценти на 77,78 долари.

Германскиот DAX е во пораст за 0,37 проценти, московскиот MOEX е во пад за 0,58 проценти, додека францускиот CAC 40 е во пораст за 0,03 проценти, а британскиот FTSE 100 е во пад за 0,68 проценти.

Европските фјучерси за гас за јули беа продадени денес на отворањето на берзата во Амстердам TTF по цена од 51 евро за мегават-час или 505 евра за 1.000 кубни метри.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,15 долари.

Цената на златото падна на 4.324,20 долари за тројанска унца, а цената на пченицата се искачи на 6,25 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27.216 кг).

Американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,98 проценти, S&P 500 за 1,21 процент, а Nasdaq за 1,34 проценти.