Од утре на Македонска берза почнува тргувањето со три нови државни обврзници

Министерството за финансии издаде три нови емисии на државни обврзници кои од утре, 23 јуни 2026 година, ќе бидат официјално примени за котација и тргување на Македонската берза.

Номиналната вредност на една обврзница кај сите три емисии изнесува 10.000 денари. Тргувањето со нив ќе се одвива на Официјалниот пазар на берзата, во подсегментот Берзанска котација, под шифрите на тргување: M180628, M180641 и M180641D.

Станува збор за три различни хартии од вредност, наменети за инвеститорите кои бараат сигурни долгорочни пласмани:

 

Вид на хв:     државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата:    381.030.000 МКД
Број на издадени хв:    38.103
Номинална вредност на една обврзница:    10.000 МКД
Датум на издавање:    18.6.2026
Датум на достасување:    18.6.2028
Каматна стапка:    4,30%
Шифра на тргување:    M180628
ИСИН:    MKMINF20GDF3

Вид на хв:     државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата:    1.836.850.000 МКД
Број на издадени хв:    183.685
Номинална вредност на една обврзница:    10.000 МКД
Датум на издавање:    18.6.2026
Датум на достасување:    18.6.2041
Каматна стапка:    5,2%
Шифра на тргување:    M180641
ИСИН:    MKMINF20GDG1

Вид на хв:     државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата:    45.910.000 МКД
Број на издадени хв:    4.591
Номинална вредност на една обврзница:    10.000 МКД
Датум на издавање:    18.6.2026
Датум на достасување:    18.6.2041
Каматна стапка:    5%
Шифра на тргување:    M180641D
ИСИН:    MKMINF20GDH9