Шанса за сопствен бизнис: Стартува програмата за самовработување, младите можат да добијат грант до 10.000 евра!

Од денес и официјално е отворен патот за сите креативни и претприемачки идеи во земјава. Објавен е новиот Јавен оглас за програмата за самовработување, кој нуди неповратна финансиска поддршка за отворање сопствен бизнис. Зависно од возраста на апликантите, државата доделува грантови во износ од 7.000 па сè до 10.000 евра за млади претприемачи, а сумата може да достигне и до 20.000 евра доколку станува збор за здружување во поширок бизнис концепт.

Аплицирањето се врши во 30-те центри за вработување и истото ќе трае од денес до 03.07.2026 година.
Процесот на селекција се одвива низ неколку фази и има за цел да поддржи најдобри идеи и бизнис планови.

Висината на финансиската поддршка во форма на грант за основање и започнување на бизнисите, изнесува 7.000 евра доколку аплицира лице кое е постаро од 29 години, а доколку станува збор за младо лице на возраст до 29 години, висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра.
Доколку пак станува збор за здружување на корисници во ДОО, поддршката изнесува до 20.000 евра, зависно од целните групи.

Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx