
Во согласност со Решението на Народната банка на РСМ за издавање претходна согласност за измени и дополнувања на Статутот на ТТК Банка АД Скопје од 15.06.2026 година, извршено е зголемување на основната главнина со средства на Банката со издавање на 41.918 обични акции, по пат на приватна понуда од V (петта) емисија на акции.
Зголемувањето на основната главнина на Банката е запишано во Централниот регистар на РСМ на ден 23.06.2026 година, а на ден 25.06.2026 година извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.
По запишувањето на новата емисија на акции, основната главнина на ТТК Банка АД Скопје изнесува 1.075.091.000 денари и таа е поделена на 1.075.091 обични акции, секоја со номинална вредност од 1.000 денари.












