Комерцбанк подготвена за преговори за преземање со УниКредит

Германската „Комерцбанк“ во петокот посочи дека е подготвена да разговара со „УниКредит“ за преземање, сигнализирајќи го крајот на месеците отпор кон понудата на италијанскиот заемодавател.

„Поради доминацијата на „УниКредит“ во акционерската база на „Комерцбанк“, неопходни се конструктивни дискусии за да се воспостави рамка што ќе биде во интерес на акционерите и вработените“, изјави претседателот на надзорниот одбор на германскиот заемодавател, Јенс Вајдман, поранешен гувернер на германската централна банка.

До првите денови од јули, италијанската банка обезбеди удел во Комербанк од вкупно 47,59 проценти, кога се вклучени финансиските инструменти.

„Сите мора да се однесуваме како возрасни сега бидејќи едно е сигурно: разговорите се во интерес и на УниКредит и нема да има скратен пат низ Берлин“, рече Вајдман во изјава за Ројтерс во петокот.

УниКредит објави дека нејзина цел е да ја преземе контролата врз Комербанк, а потоа да ги реализира своите стратешки планови. За да го постигнат ова, тие се подготвени да свикаат вонредно собрание на акционерите доколку е потребно.

Германската страна досега остро се спротивстави на преземањето, со страв дека спојувањето на Комерцбанк со УниКредит ќе доведе до намалување на работните места и затворање на филијали.

Силно противење на понудата на италијанската банка постојано го нагласуваа извршната директорка на Комерцбанк, Бетина Орлоп, и владата во Берлин.

Уште во јуни, извршниот и надзорниот одбор на германскиот заемодавач ги предупреди акционерите да не ја прифатат понудата за преземање, посочувајќи на прво место на порастот на цените на акциите на Комерцбанк.