
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година.
Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 91,00 (денари/литар)
-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 93,00 (денари/литар)
-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)
-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
-Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм)
Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг.











